Наскоро, филм за убиството на Ѓинѓиќ

Од:

Советникот во филмската компанија „21. Century filmworks“, Теренс Клифорд Амос рече дека во српските кина наскоро ќе се појави првиот странски игран филм инспириран од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Клифорд Амос ова го соопшти за време на Меѓународниот фестивал за еколошки и туристички филм „Silafest.“ каде што е член на жирито.

Премиерата на филмот „Платеници“ во кој глумат Роберт Фучил, Кристи Мичел и ѕвездата на „Титаник“, Били Зејн се одржа во јануари, годинава во Лондон. Се очекува во наредните неколку месеци да се појави и во Србија, вели Клифорд Амос, при што додаде дека инцидентот бил многу важен датум во изминатата деценија, а дека таков настан не се заборава, дури ни денес.

„Овој настан е одраз на случувањата во Европа, но исто така и на „пост-титовите“ режими и политики. Тој предизвика многу внимание во целиот свет, но ми се чини, не е доволно“, – вели продуцентот на филмот кој смета дека тоа е една интересна тема за филм во која се гледа разликата од Србија и Европа, односно развојот на Србија во однос на Европа:

„И покрај брзиот развој, Србија сé уште го има истиот проблем како и остатокот на Европа. Таа во моментот минува низ некој период, каков што останатиот дел од земјите во Европа, пример Велика Британија, веќе го имаат поминато“, рече тој за весникот „Политика“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски