Напаѓачот од ИД, Набил Фадли, кој вчера во нападот во Истанбул уби 10 германски туристи и притоа самиот си го одзеде животот, во текот на овој месец бил регистриран во Турција како сириски бегалец, информира ДПА.
Набил Фадли на 5 јануари влегол во Турција од Сирија и се регистрирал во Истанбул, каде му биле земени отпечатоци од прстите.
Истражните органи денеска го идентификуваа Фадли токму според отепчатоците од прстите.
Полициските екипи и натаму трагаат по помагачите на Фадли, за кого се информира дека бил роден во Саудиска Арабија, но земјата ја напуштил кога бил на осумгодишна возраст. Тој имал сириско државјанство.