Нападната редакцијата на грчкиот весник „Прото тема“ поради поддршка на неонацистите

Од:

Петнаесетина лица синоќа со камења и боја ја нападнаа зградата на грчкиот весник „Прото тема“, кој во повеќе наврати е обвинуван дека ги поддржува неонацистите осомничени за убиството на антифашистичкиот активист и рапер Павлос Фесас, соопшти грчката полиција.

Нешто по 20 часот по локално време, над петнаесет лица ја нападнаа редакцијата на весникот „Прото тема“, во северно предградие на Атина, кршејќи ги прозорците на зградата. Според полицијата, напаѓаите предизвикале само материјална штета на зградата и на неколку автомобили.

Пред да побегнат тие расфрлале флаери во кои го обвинуваат весникот дека го поддржува фашизмот.

„Прото тема“ стана цел на жестоки критики откако во неделата на својата прва страна објави фотографија на 34-годишниот Фесас, како лежи во прегратките на својата очајна пријателка, непосредно откако бил избоден со нож.

Убиството на Фесас, на 18 септември, од страна на 45-годишен маж за кој се тврди дека е приврзаник на неонацистичката партија Златна зора, предузвика шок и жестоки реакции во Грција. По убиството се огласи и грќкиот премиер Андонис Самарас, кој вети мерки против неонацистите.

Би можело да ве интересира

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам