Намалена невработеноста во Грција

Од:

За 0,4 отсто во споредба со мај годинава и за 2,9 проценти во споредба со јуни 2021 година, се намалила невработеноста во Грција, која за месец јуни изнесува 12,1 отсто, согласно официјалните податоци од Грчката служба за статистика, а според надлежниот министер веќе е на нивото од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Невработени се 572.109 лица, за 120.976 помалку од јуни 2021 година, а највисока е невработеноста кај младите на возраст од 15 до 24 години и изнесува 27,4 отсто, наспроти 11,3 проценти кај оние меѓу 25 и 74 години.

Кај жените, невработени се 15,9 отсто, а кај мажите девет проценти.

Министерот за труд и социјални прашања на Грција Костис Хаѕидакис рече дека „значајното намалување на невработеноста, е практичен одговор на сите оние кои се обидуваат да ја сведат на нула работата на Владата“.

-Невработеноста падна на 12,1 отсто, односно над пет процентни поени во однос на она што го презедовме од СИРИЗА (17,3 проценти). Уште поважен е фактот што падна за три процентни поени во однос на јуни минатата година (15 отсто). Невработеноста кај младите исто така се намалува, додека вкупната невработеност се врати на нивото од 2010 година, рече Хаѕидакис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот