Намален бројот на нови бегалци и миганти кои пристигнуваат во Грција

Од:

Во последните 24 часа намален е бројот на мигранти и бегалци кои пристигнале на северните острови во Егејското Море, соопштија денеска грчките власти.

Подетално, на грчкиот брег пристигнале вкупно 144 лица, од кои 43 на Лезбос, 94 на Хиос и 12 на Самос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, полицијата соопшти дека 3.146 бегалци се наоѓаат во пунктот во Мориа, 1. 766 на Хиос и 464 мигранти и бегалци има во пунктот на Самос.

Според бројките на Координативното тело за управување со бегалската криза, на грчка територија денеска има 52.666 бегалци и мигранти. 28.972 од бегалците се во северна Грција, 11.269 од нив се во Идомени, 14.327 се сместени во регионот на Атика (4.668 во пристаништето Пиреја), 6.499 на грчките острови и 2.868 се во различни области во централна Грција.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица