Мајката на една од жртвите на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој вчера уби осуммина ученици и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“, денеска дојде пред училиштето во кое се пукало и во солзи го повикувала своето дете, пренесува српски Блиц.
Во еден момент таа се јави на телефон и само рече: „Јас ова нема да можам да го издржам, ја изгубив ќерка ми“.
Таа стоеше во солзи и ги гледаше цвеќињата, а наеднаш и се слоши и седна на тротоарот.
фото: Блиц