Најниска бројка на новозаразени со Ковид-19 во Косово во последните 15 месеци

Од:

Министерството за здравство на Косово објави дека во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани само тројца новозаболени од Ковид-19, што е најниска официјална дневна бројка на нови случаи во последните најмалку 15 месеци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во редовниот дневен извештај на МЗ се наведува дека трите нови случаи на заразени се утврдени по извршените 837 тестови со методот РТ-ПЦР.

Минатото деноноќие не е забележан ниеден смртен случај како последица на пандемијата, а евидентирани се 28 излекувани, со што вкупната бројка на лица кои ја совладале болеста од нејзината појава пред повеќе од две години достигна до 224.295.

Вклучително последните официјални резултати, активни носители на коронавирусот во земјата се 447 лица.

Косовското МЗ информира дека досега се издадени 1.824.629 дози анти-ковид вакцини. По две вакцини примиле 821.629, додека трета доза 100.926 лица.

Во јавните здравствени установи во Косово се хоспитализирани вкупно седум лица со Ковид-19 – четири во Приштина и три во Ѓаковица – а од нив три се на оксигено-терапија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија