Грчката крајбрежна стража соопшти денеска дека за само еден ден, кај брегот на источните егејски острови, од море спасиле најмалку една илјада бегалци и мигранти.
Во 31 операција на потрага и спасување, од понеделникот наутро до вторник изутрина, кај островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Фармаконикиси, Кос и Мегист, се спасени 1.192 лица.
Во оваа бројка не се вклучени бегалци и мигранти кои секојдневно од Турција сами пристигнуваат до грчките острови, пренесува Танјуг.