Двајца рудари загинаа, а двајца се водат како исчезнати откако утрово се урна една од галериите во бугарскиот јагленокоп Ораново, во југозападниот дел од земјата.
Тоа е четврта несреќа во рудникот за последните осум години, јави БТА.
Според претседателот на бугарскиот Независен синдикат на рударите Валентина Вулчева, до несреќата најверојатно дошло поради лошите безбедносни стандарди.