Најмалку десет бегалци се удавија во Егејско Море, 20 исчезнати

Од:

Најмалку десет бегалци, меѓу кои пет деца, се удавија кога нивниот брод потонал во Егејското Море додека се обидувале да стигнат од Турција во Грција, соопшти денеска турската крајбрежна стража.

Турски медиуми јавија дека од бродот се спасени 43 лица.

Според очевидци, најмалку 20 лица се водат како исчезнати.

Бегалците тргнале од провинцијата Чанаккале, од Ајваџик најверојатно кон грчкиот остров Лезбос.

Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците на Организацијата за миграција на ОН, над милион бегалци пристигнале во Европа по морски пат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини