Најмалата бугарска парламентарна партија ќе го тужи Красимир Каракачанов поради договорот за Ф-16

Од:

Најмалата партија во 47. Народно собрание на Бугарија „Преродба“ ќе поднесе жалба до обвинителството против поранешниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и други функционери поради договорот за ловци Ф-16, изјави на брифинг партискиот пратеник Николај Дренчев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Дренчев коментира дека по прегледувањето на договорите од зделката, кои биле класифицирани на чуден начин, дошол до заклучок дека во Бугарија имало злоупотреба на јавните средства. Според него, потпишаните документи му овозможиле на добавувачот еднострано да не го испорача тоа што го потпишала Бугарија и еднострано да ја смета цената за различна и последователно да бара повеќе пари. Според него, договорот за набавка на борбени авиони од САД бил „мачка во вреќа“.

Локалните медиуми во Софија потсетуваат дека во 2019 година третата влада на поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов купи 8 авиони Ф-16 од САД во вредност од 600 милиони евра, а истата година Народното собрание ги ратификуваше договорите за авионите, потпишани од министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани