Поранешниот министер за земјоделство на Бугарија Мирослав Најденов изјави денеска дека нелегално се прислушувани сите членови на владата на поранешниот премиер Бојко Борисов.
Најденов нагласи дека одговорност за тоа има поранешниот заменик премиер и министер за внатрешни работи Цветан Цветанов.
Во интервју за бугарската телевизија, Најденов истакна дека е се поубеден дека лидерот на Социјалистичката партија Сергеј Станишев ја зборувал вистината за незаконските прислушувања на политичари, бизнисмени и други јавни личности, пренесува БТА.
Според него прислушувањето е користено како средство за собирање информации кои подоцна би се користеле за контрола на министерот.
Најденов верува дека е можно и самиот премиер Борисов да бил предмет на прислушување. Бугарското МВР на 23 април против четворица службеници покрена обвиненија за наводно прислушување на политичките противници бугарскиот премие во оставка Бојко Борисов.
Шефот на надзорната служба на министерството Сергеј Кацаров и неговите двајца претходници Цветин Иванов и Камен Костов се обвинети за непочитување на своите должности и овозможување незаконско телефонско прислушување во 2009 година.