Најдено е решение за децата од „Владислав Рибникар“ кои не одат на настава и не се подготвени да го посетат училиштето

Од:

Детскиот културен центар најверојатно ќе биде местото каде што ќе доаѓаат учениците од ОУ „Владислав Рибникар“ кои не одат на настава, бидејќи не се подготвени да ги посетат просториите на училиштето каде момчето убиец уби осуммина свои другари и чувари, а рани седуммина, од кои едно девојче почина од повредите.

Советот на родители на ова училиште побара од Владата на Србија да обезбеди место за учениците кои не сакаат да доаѓаат во ОУ „Владислав Рибникар“, а како што рече претседателот на Советот на родители Игор Ѓорѓевиќ, Владата го понуди Детскиот културен центар како место на кое овие деца би се собирале, за да не бидат целосно исклучени од наставниот процес.

За нив, вели Ѓорѓевиќ, ќе се прави посебен план според кој би работеле, а класичната настава не би се одвивала.

Како што рече претходно Ѓорѓевиќ, околу 300 ученици не доаѓаат на училиште, а 800 од нив одат на настава.

Културните институции основани од градот Белград ќе пружат помош и ќе овозможат настава за учениците од основното училиште „Владислав Рибникар“ кои не се подготвени да дојдат во училишните простории.

Родителите треба да се изјаснат кои објекти се прифатливи за нив, за во петок Министерството за образование да подготви план за активности за наредната недела за учениците во расположливите капацитети.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата