Најблиските другари на Матеј се убедени дека некој му подметнал дрога во пијалокот

Од:

Оние кои најдобро го познавале исчезнатиот Матеј Периш, велат дека би ставиле рака во оган дека тој никогаш не би се дрогирал.

„Никој од нас не би сакал да е во кожата на неговите родители и сестра. Навистина е вознемирувачки да се гледаат снимките кои се појавија во медиумите и на кои се гледа како тој потполно изгубено трча по улиците. Многумина сега шпекулираат дека бил под дејство на дрога. За Матеј би ставил рака во оган дека не се дрогира, бидејќи не е таков тип“, вели негов школски другар.

Тој раскажува дека Матеј во минатото имал пријател кој го изгубил животот токму поради дрога и дека тоа имало силно влијание врз него.

„Уверени сме дека на Матеј во клубот можеби некој нешто му ставил во пијалокот, па започнал да халуцинира и да бега од нешто. Нема друго објаснување. Инау, беше добар ученик, заедно одевме во гимназија. Живееше за патувањата, стекнување нови искуства, го сакаше животот и не се ограничуваше“, изјави неговиот другар.

Сосед на исчезнатото момче се сомнева дека другарите кои биле со него вечерта кога тој исчезнал нешто кријат.

„Се надевам дека целата оваа агонија со исчезнувањето што побрзо ќе се разреши. Сето тоа трае предолго за нас кои нетрпеливо чекаме и добиваме информации со лажичка. Се обидов да исконтактирам со едно момче со кое Матеј беше во Белград, но не одговара ни на пораките, ни на повиците. Сите се уверени дека нешто кријат, но јас не знам што да мислам бидејќи ова не се лоши момци“, вели сосед на исчезнатото момче.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски