На штрајкот кој го организираа двата водечки синдикати на јавниот сектор АДЕДУ и грчката конфедерација на синдикати на вработени во приватниот сектор ГСЕЕ, учествувале околу 70 илјади луѓе, а четири илјади полицајци ги чувале министерствата и Парламентот.
Вкупно беа приведени 107 лица, но само тројца се уапсени по различни обвиненија, додека другите се пуштени дома.
За време на вчерашните демонстрации од срцев удар почина еден 65-годишен Грк, а повредни се 16 луѓе.
Претставници на Министерството за здравство соопштија дека тој бил донесен во болница, но оти реанимацијата не успеала.
Ова беше втор генерален штрајк овој месец.