Над пет отсто од населението од 11 региони во Бугарија заминале во странство во последните 10 години

Од:

Над пет отсто од населението од 11 региони во Бугарија заминале во странство во последните 10 години, се наведува во студијата на агенцијата „ГИТ”
Софија, 4 јануари 2023 (МИА) – Единаесет региони во Бугарија се најголеми „донатори” на труд за странски земји, главно од Европската унија, се наведува во студијата на Извршната агенција „Главна трудова инспекција” (ГИТ), јави БТА.

Над пет отсто од населението на Видин, Враца, Габрово, Крџали, Ќустендил, Ловеч, Разград, Сливен, Смолјан, Тарговиште, Хасково во последните 10 години заминале во странство. Преферирани земји за вработување во последните пет години се главно земјите од ЕУ. Лидери се Германија, Шпанија, Италија, Холандија, Грција, Белгија, Австрија, Франција и Чешка.

Подобрата плата е главната причина зошто Бугарите бараат работа во странство.

Истражувањето покажува дека близу 96 отсто од нив заминале поради повисоки плати. Податоците покажуваат и дека оваа мотивација не зависи од образованието, материјалната состојба и местото на живеење.

Мажи има повеќе, но уделот на жените постојано се зголемува во последните години, покажуваат податоците од ГИТ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски