Над 60.000 Грци побарале помош преку програмата за хуманитарна криза

Од:

Бројот на барања за помош преку програмата за справување со хуманитарната криза во Грција вчера достигна 60.540, по само седум дена од почетокот на процесот.

Најголем број барања (20.635) се за помош во храна, а 17.936 луѓе побарале помош во храна и за пристап до струја, додека голем број на домаќинства (14.121) аплицирале за сите видови помош, вклучувајќи храна, кирија и струја.

Покрај ова, 5.595 домаќинства бараат комбинација од помош за храна и кирија, ист број бараат помош за да платат кирија и поевтина струја, 1.206 аплицирале за помош со киријата и 622 бараат само бесплатно повторно да бидат приклучени кон електричната мрежа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит