Над 100 приведени лица од левичарска екстремистичка организација во Турција

Од:

Турската полиција уапси над 100 лица, вклучувајќи и синдикални претставници, во акции на различни места низ земјата против левичарско екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), пренесоа турските медиуми.

ДХКП-С ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на влезот на американската амбасада во Анкара, на 1 февруари, во кој загинаа две лица – атентаторот самоубиец и еден чувар, а тешко беше ранета турска новинарка.

Наредби за апсења биле издадени за 167 лица во 28 округа на Турција, осомничени за припадност кон Револуционерната партија и фронт за народно ослободување. Меѓу окрузите, во кои се спроведува операцијата, се Анкара, Истанбул, Измир, Бурса, Адана, Чанаккале, Коџаели, Анталија и други, соопштија агенциите.

До пладне биле спроведени над 100 апсења.

Меѓу приведените е Акман Шимшек, лидер на синдикатот на државни службеници-КЕСК, пренесе агенцијата Анадолија.

КЕСК, левичарска синдикална организација, инсистира на ослободување на нејзините приведени членови и соопшти дека полициските операции се производ на „империјата на стравот“, создадена од происламската Партија на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Не е познато колкумина од приведените се членови на синдикатот.

-Ќе се кренеме против фашистичката политика на владата на ППР и нема да отстапиме пред господарите на тиранијата, пишува во соопштение на КЕСК.

Синдикатот уште посочи дека во текот на изминатата година 59 нејзини лидери биле приведени заради својата синдикална дејност.

Полицијата за борба против тероризмот во акцијата уапсила 15 лица во западниот округ Измир и во други два округа, насочени против групата Револуционерно движење на државните службеници, за која се смета дека е поврзана со ДХКП-С, пренесе Анадолија.

Полицијата ги претресе канцелариите на Шимшек во Анкара и Анталија и конфискува компјутерски хард диск и документи.

Околу половина од приведените лица биле уапсени во Истанбул.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Горан Наумовски

ВИДЕО: Турција го лансираше првиот комуникациски сателит

(ВИДЕO) Невообичаено светло над Истанбул: Граѓаните вознемирени, се огласи вселенската агенција

Предраг Петровиќ

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски