На возачот на косовскиот автобус му се заканува казна од 15 години затвор

Од:

Возачот на автобусот, во кој вчера загинаа 10 лица, а над 40 се повредени во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода, за што максималната казната изнесува до 15 години затвор.

Според полицијата, возачот признал дека заспал зад воланот, што ја предизвика несреќата во која, покрај деветмина патници, загина и неговиот колега, вториот возач во автобусот.

Хрватската полиција објави и дека е утврден идентитетот на осум загинати лица, додека постапката идентификација на уште двајца загинати продолжува.

Во полициското соопштение се наведува дека против возачот, 52-годишен косовски државјанин, е поднесена кривична пријава поради сомнение за предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа тој ќе биде предаден на обвинителството во Славонски Брод за понатамошна постапка.

Досега полицијата утврди дека возачот, кој управувал со автобусот со косовски национални регистарски ознаки, не се движел по средина од обележаната сообраќајна лента, туку ја преминал тревнатата површина, по што автобусот се превртел на страната. Во несреќата загинаа десет луѓе, 15 патници се тешко повредени, додека 30 имаат полесни повреди.

Би можело да ве интересира

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар