На солунскиот аеродром уапсена жена поради илегална трговија со човечки органи

Од:

Цариниците на солунскиот аеродром „Македонија“ во багажот на патничка, која од Москва пристигнала во Солун, пронашле стерилизирани човечки клетки што се користат за кератопластика, односно за трансплантација на рожницата на окото.

Специјално спакуваните клетките ги немале потребните потврди како што е предвидено од Националната организација за трансплантација и затоа биле запленети како предмет на нелегална трговија.

Патничката била уапсена, а тврдела дека како туристички водич требала да преземе странци од Солун и да ги однесе на островот Крф и дека знаела оти пренесува лекови, што требала да ги достави до вработен во туристичка агенција.

Случајот го презел надлежен јавен обвинител. Независната управа за јавни приходи на Грција соопшти дека станува збор за важен успех во борбата против нелегалната трговија со човечки органи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад Аристотел во спомен на загинатите

Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба објави директорката на Одделот за изгореници на солунската болница

Таравари: Сите пациенти хоспитализирани во Солун се во стабилна состојба