Вкупно 72 члена, вклучувајќи го и раководството, на грчката екстремно десничарска партија Златна зора ќе се најдат пред суд поради повеќе кривични дела, меѓу кои и за убиство, соопштија денеска правосудни извори.
– На 72 лица, вклучувајќи го лидерот на Златна зора, Никос Михалолиакос и сите пратеници во претходниот состав на Парламентот, ќе им се суди, истакна изворот.
Со ова ќе заврши 15-месечната истрага која започна откако еден приврзаник на Златна зора смртно го повреди со нож грчкиот рапер Павлос Фисас во септември 2013 година.
Датумот на судењето се уште не е одреден.
Доколку бидат осудени, на обвинетите им се закануваат затворски казни до 20 години.