М.К., мајка на 13-годишниот Коста, осомничен за масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“, како што е најавено, ќе биде сослушана во обвинителството за да се утврди дали момчето било запоставено или малтретирано.
„За кривичното дело занемарување на должноста згрижување и воспитување, напуштање малолетно лице кое е должно да се грижи, казната е затвор до три години. За делото злоупотреба под кои спаѓаат – принудување на прекумерна работа или работа која не соодветствува на возраста на малолетникот или на или од личен интерес го наведува на вршење други дејствија штетни за неговиот развој, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“, се вели во Законот, пренесуваат српските медиуми.
За потсетување, за да се утврди како момчето се однесувало во просториите на училиштето, ќе бидат извршени разговори со вработени во таа институција – педагог и психолог, кои потенцијално би можеле да откријат дали забележале промени во однесувањето во тринаесетгодишникот. Како што соопштија од Првото основно јавно обвинителство во Белград, било констатирано дека „ќе бидат преземени сите други мерки и дејствија кои се неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба“.
Она што може да биде пресудно е оценката за функционирањето на семејството на К.К од страна на центарот за социјална работа. Потребно е да се утврди дали семејството претходно било во евиденцијата на Центарот поради семејно насилство, запоставување на детето или од која било друга причина.
Истрагата за случајот се уште е во тек, а 7 предмети се на вештачење.
„На вештачењето има пиштол, молотови коктели, телефон, компјутер, неговата гардероба, како и лични белешки под кои припаѓаат – неговите тефтери, книгите што ги читал… А клучниот доказ е надзорните камери од училиштето. Се верува дека на нив има видеа од овој невиден масакр“, вели соговорник од истрагата, за српските медиуми.
Министерот Братислав Гашиќ неодамна во Собранието рече:
„Видео надзорот работеше, беше во употреба и е земен во доказ. Кој повика полиција? Се јави помошникот директор на училиштето. Дали убиецот се јави? Да, и тој се јави. Дали полицијата пристигна по 10 минути, да таа пристигна, но не можам да дадам детали кои се многу важни за целосна истрага“.
Инаку, момчето го уби обезбедувањето, а потоа им ги одзело животите на тројца ученици во ходникот. Потоа влегол во училницата каде што се одржувал час по историја. Таму уби петмина. Десеттата жртва почина во болница 12 дена по масакрот.
Да потсетиме на 13-годишниот Коста Кецмановиќ му биле потребни 120 секунди за застрела 16 луѓе, да промени шаржери, излезе низ прозор и да повика полиција.