Кипарската полиција уапси 26-годишен Либанец откако во неговиот дом откри два тона амониум нитрат, кој е потенцијален експлозив.
Во домот на Либанецот со канадски пасош, се откриени и 10.000 евра. Тој на Кипар пристигнал минатата година.
Либанецот е приведен под обвинение за незаконско поседување и дистрибуција на експлозивни материјали.