Кипарските ветеринарни служби стравуваат од проширување на Њукасалската болест, откако беше откриена на две фарми за птици во село Мамари на границата со Северен Кипар.
Директорот на ветеринарната служба Јоргос Кириакидис наведе дека постои сомневање дека и на трета фарма е откриен вирусот на Њукасалската болест.
Досега се аутанизирани 130.000 птици, но ветеринарите претпоставуваат дека нивниот број може да се искачи на 200.000.
Кипарскиот министер за здравство Никос Кујалис истакна дека тестовите покажале дека во другите делови од островот не е откриен вирусот на Њукасалската болест.