На изборите за Европскиот парламент во Хрватска, до 16 часот и 30 минути, гласале 21,3 отсто од гласачите, што е за речиси 5 процентни повеќе отколку на изборите во 2014 година.
На изборите во странство, вкупно 12.788 гласачи гласаа во 22 земји, од кои 7.996 во БиХ.
На изборите за Европскиот парламент, кој почнаа на 23 мај, граѓаните на 28-те земји-членки на ЕУ избираат вкупно 751 пратеник, од кои 11, односно 12 ќе бидат избрани од Република Хрватска откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ.