На изборите во Грција ќе гласаат околу 10 милиони луѓе

Од:

Вкупно 9.808.760 граѓани ќе гласаат на претстојните вонредни парламентарни избори во Грција на 25 јануари, соопшти грчкото Министерство за внатрешни работи.

Над пет милиони гласачи се жени, а повеќе од четири милиони се мажи. Повеќе од два милиони гласачи се над 71 години. Тие се двојно повеќе во споредба гласачите на возраст од 42 до 47 години.

Вториот изборен регион во Атина има најголем број регистрирани гласачи со повеќе од 1,4 милиони гласачи, а најмалку на островот Лефкада со 29.151 гласачи.

Во споредба со изборите во 2012 година бројот на гласачите е поголем за  49.699 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит