На интернет објавени наводно податоци за речиси 50 милиони Турци

Од:

Хакери на интернет објавиле податоци кои наводно содржат лични информации за речиси 50 милиони турски државјани, објавија турските медиуми, повикувајќи се на информација на американската агенција АП.

Агенцијата наведува дека само делумно успеала да ја потврди автентичноста на оваа информација, објаснувајќи дека ги проверила податоците на 10 лица и било утврдено дека за осуммина тие се точни.

Во базите на податоци се наоѓаат 49.611.709 информации, како што се броеви на лични карти, домашни адреси, датуми на раѓање и имиња на родители.

Медиумите наведуваат дека тука се наоѓаат и податоци за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, неговиот претходник Абдулах Ѓул и за премиерот Ахмет Давутоглу.

Хакерите оставиле и порака: „Кој би можел да замисли дека заостанатите идеологии и зголемениот верски екстремизам во Турција можат да доведат до распаѓање на техничката инфраструктура?“.

Турските официјални претставници засега не ги коментирале ваквите наводи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите