На игуменот Ефраим ќе му се суди за вмешаност во аферата „Ватопед“

Од:

Игуменот на светогорскиот манастир Ватопед, Ефраим и други 13 обвинети ќе бидат судени за вмешаност во аферата „Ватопед“. За делото беа испитани 32 лица, а дел од нив се обвинети за измама со документи поврзани со скандалозната замена на имотите меѓу манастирот и грчката држава.

Манастирот Ватопед на Света Гора замени земјиште со мала вредност за недвижен имот во сопственост на државата со што државата е оштетена за приближно 100 милиони евра.

Ефраим е обвинет за измама на државата со директна замена на безвредно, подводно земјиште во близина на Солун, кое припаѓа на манастирот, за скапата зграда на некогашниот Прес центар на Олимписките игри во Атина 2004 година и за други државни имоти.

Игуменот Ефраим (70) беше притворен во декември 2011 година, а во март годинава е ослободен со кауција од 300.000 евра.

Зделката беше оценета како „уникатна измама“, која доведе до смена на двајца министри од тогашната влада на Нова демократија, а премиерот Костас Караманлис ја изгуби власта на предвремените избори во 2009 година.

На почетокот од годината е покрената судска постапка против поранешниот министер Јоргос Вулгаракис поради криење на приходи од 117.000 евра во банката ХСБЦ во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит