На грчките острови од понеделник ќе се патува само со сертификат за вакцинација или негативен тест

Од:

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР или рапид тест, од понеделник ќе бидат задолжителни за патување на грчките острови.

Одлуката, базирана на препораката на Комисијата на епидемиолози, попладнево ја соопшти заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој објасни дека од 5 јули, за оние кои имаат сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 нема да има рестрикции, додека пак за останатите задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 48 часа пред поаѓањето.

Децата до 12 годишна возраст ќе патуваат слободно, а за оние од 12 до 17 години, потребен е било каков тест, вклучително и селф тестот, односно тестот за домашна употреба.

За враќање од островите, Хардаљас рече дека постои препорака сите над 12 годишна возраст да прават селф тестови.

Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт.

Освен неопходните документи поврзани со Ковид-19, за патување со брод на грчките острови, задолжително е и пополнување на специјален формулар, достапен на https://sea.travel.gov.gr/#/.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот