Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран крај грчкиот остров Кос во Егејско море, пренесе ТАСС, повикувајќи се на соопштение на Американскиот геофизички институт.
Епицентарот на подземните потреси се наоѓал на 16 километри југозападно од градот Кефалос.
Жариштето на земјотресот било на длабочина од 142 километри.
Засега нема информации за настрадани лица или материјални штети.