Не чепкајте ги нашите придобивки!, извикуваа хендикепираните кои им се приклучија на демонстрантите на улиците на Атина. И на вториот ден од генералниот штрајк на улиците на главниот град на Грција има околу 70 илјади луѓе.
Тоа е најголем протест од мај минатата година и еден од најголемите откако Грција побара меѓународна финансиска помош.
Инаку, инвалидите во Грција добиваат 640 евра месечно помош, но тие тврдат дека едвај ги покриваат трошоците за медицинска нега ,за помагала и лекови. Намалувањето на помошта ќе го загрози достоинствениот животот на инвалидите.
Во исто време, претставници на грчката коалиција се сретнаа со премиерот и министерот за финансии за да ги координираат позициите во врска со одлуката на владата за мерките за дополнителни 11 и пол милијарди евра заштеда.