На децата од училиштето „Владислав Рибникар“ им е понуден летен одмор во Будва

Од:

Будванската ривиера им понуди летен одмор на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, испраќајќи писмо до Министерството за образование на Србија.

Како што е наведено на Инстаграм страницата на Министерството за образование на Србија, во писмото, хотелската групација „Будва Ривиера“ наведува дека располага со сместувачки капацитети во хотелите во Будва, а ќе им понуди сместување на децата, како и нивните семејства, а на кои им треба закрепнување по немилиот наста.

„Доколку мислите дека овој наш предлог ќе им користи на децата, кои за жал беа сведоци на масакрот и за среќа се спасија од страдањата, ве молиме контактирајте ја Канцеларијата на Управата на хотелската групација „Будванска ривиера“, за во периодот кога нашите хотелски капацитети се достапни, да им се овозможи летен одмор и престој со цел што побрзо закрепнување на децата од нападот кој остави длабока трага кај сите нас“, се вели во пораката.

Би можело да ве интересира

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ