Новиот информативен канал на Хрватската радио-телевизија, ХРТ 4, ќе почне со емитување програма од 24 декември.
На програмата ќе се емитуваат вести, емисии во форми на разговори и информативни документарци. Каналот е замислен како пилот-проект на идното мултифункционално поврзување на ХРТ.
Директорот на ХРТ Горан Радман наведе дека новиот канал е првично мултимедијално замислен проект на Хрватската радио-телевизија кој во целост ќе ги интегрира сите нивни ресурси – радио, телевизија и интернет. Тој додаде дека се работи за специјализирана програма со квалитетни и динамични информации со локална, регионална и национална содржина.