На 17 мај црквите во Грција почнуваат со литургии за верниците

Од:

Πод посебни правила и прописи в недела, на 17 мај 2020 година црквите во Грција ќе започнат со литургии за верниците, како и со религиозни обреди, како што се венчавки и крштевки, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денот ќе се објави и конкретната министерска одлука што ќе биде во сила од 17 мај до 5 јуни 2020 година, потпишана од надлежните министри, додека пак Светиот синод на Грчката Православна црква, денеска одржа состанок околу условите за одржување на литургиите и присуството на верниците.

Според Светиот синод предвидено е да има контролирано влегување, да се држи растојание од еден и пол метар, на влезовите да има антисептик.

Дозволен број на верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни.

Доколку црквата е над 500 метри квадратни, дозволени се 50 лица

Во случај бројот на верници е поголем од дозволениот во секоја црква, останатите верници треба да чекаат во дворот.

Се препорачува во црквата, верниците да носат маска, „која секако ќе ја тргнат пред причестувањето“. Верниците кои припаѓаат на ранливите групи граѓани, да избегнуваат излегување од дома.

Конкретните правила и прописи за литургиите, се исти и за венчавките и крштенките.

Заедно со црквите, се отвораат и останатите религиозни објекти во Грција.

Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он