На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

Од:

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓу владина конференција со Европската унија за отворање на групата поглавја Зелена агенда”.

-На 2 септември, Албанија ја поднесе својата преговарачка позиција за следното групно поглавје, додека сега е официјално потврдено дека следната меѓу владина конференција за отворање на групното поглавје на Зелената агенда“ ќе се одржи на 16-ти овој месец, објавија медиумите.

Додаваат дека отворањето на поглавјата ќе заврши на 2 октомври со меѓу владината конференција каде што ќе биде отворена и последната група поглавја, онаа Земјоделство и кохезија“.

-Оваа есен се исполнува важна обврска за нашата земја, а тоа е отворањето на групните поглавја, додека најголемиот предизвик е нивното затворање, кое поминува низ долг процес на консултации и приближување на законодавството, оценуваат медиумите.

Албанија досега отвори 4 од 6 групи поглавја, таканаречените Основи, кои се најважни и последни што се затвораат, непосредно пред членството, надворешни односи, внатрешен пазар, Конкурентност и сеопфатен раст.

Амбицијата на владата е Албанија да стане полноправна членка до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос е оптимистка во врска со членството на земјата до 2029 година.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија