Материјалите од инспекцијата на Министерството за здравство на Бугарија за респиратори, маски и лекови купени од Кина за периодот на епидемијата од 13. мај минатата година одат во обвинителството. Ова го најави бугарскиот заменик министер за здравство Димитар Петров.
Инспекцијата покажала дека станува збор за нетранспарентни процедури и повисоки – двојно и тројно – цени од пазарните. Стандардните практики за се заобиколени, а потпишувањето на договорот, фактурирањето и плаќањата се случиле во рок од еден ден.
„Заедничкиот именител помеѓу овие постапки зборува за крајно нетранспарентно управување во министерството во овој период. Основните процедури и нормативни акти за дејноста на Министерството за здравство не се исполнети“, изјави Петров за Бугарското национално радио.