Музалас: Грција за подготвува за можноста за затворени граници, но тоа ќе биде голем проблем

Од:

Мораме да бидеме подготвени за можноста за затворени граници, изјави денеска грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас за телевизијата Мега.

– Како Влада, се подготвуваме за таа можност, рече тој но додаде дека тоа ќе биде голем проблем затоа што „бројот на бегалци и мигрантите кои ќе бидат заглавени во Грција, ако границите се затворат, ќе изнесува околу 50.000“.

– Оние кои градат огради грешат, со затворањето на границите на Идомени го губиме  единствениот начин за контрола на протокот на бегалци во Европа, процени Музалас.
На прашањето за можна вмешаност на НАТО, грчкиот министер рече дека тоа е позитивен развој, под услов Фронтекс и НАТО да патролираат во територијалните води на Турција, да спасуваат бегалци и да ги враќаат назад во Турција.

– Ако тоа е планот, тогаш е добар, изјави тој.

Музалас истакна дека клучот за решавање на проблемот со бегалците е контролирање на приливот на бегалци на турскиот брег и изрази надеж дека европските напори во таа насока ќе успеат. Тој додаде дека Грција врши притисок, бегалците преку фронтекс да се враќаат назад во Турција.

Во меѓувреме, во Пиреја денеска пристигнаа два фериботи со 1.295 бегалци и мигранти од Хиос и Митилена.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица