Музалас: ЕУ да престане со „расистичките критериуми” при прераспределбата на бегалците

Од:

Европската унија треба да престане со „расистичките критериуми” во програмата за прераспределба на бегалците, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, предупредувајќи дека во спротивно таа ќе се претвори во поразителен „пазар за луѓе“.

ЕУ одобри план за распределба на 160 илјади бегалци, претежно Сиријци и Еритрејци, меѓу 28-те држави членки за да се справи со најтешката бегалска криза на континентот по Втората светска војна. Некои држави, како Словачка и Кипар соопштија дека претпочитаат за бегалци христијани, а Унгарија предупреди дека приливот на голем број муслимани се заканува „христијанските вредности на Европа“.

Во интервју за Ројтерс, како што пренесува БТА, Музалас изјави дека Грција се соочува со тешкотии да најде бегалци кои ќе ги испрати во одредени земји, бидејќи земјите определиле „расистички критериуми“.

– Мислењата како „сакаме 10 христијани“ или „75 муслимани“ или „сакаме високи, руси, синооки, со три деца „се навредливи за личноста и слободата на бегалците”, рече министерот.

– Европа категорично треба да застане против тоа, вели Музалес.

Грчкиот министер ја охрабри ЕУ да воведе строги квоти, бидејќи „во спротивно тоа ќе стане пазар за луѓе, а Европа нема право да го прави тоа“.

Претставник на ЕУ рече дека група сириски бегалци треба да биде прераспределена од Грција во Луксембург според шемата на ЕУ околу 18 октомври. Ова ќе биде првата група која официјално ќе биде преселен од Грција.

Музалас соопшти дека за најмногу еден месец ќе започнат да функционираат пет „жешки точки”, каде што ќе бидат регистрирани и идентификувани пристигнатите бегалци. Тие ќе се наоѓаат на мигрантите влезови кон земјата – островите Лезбос, Кос, Хиос, Лерос и Самос.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина