Мустафа: Убеден сум дека Листа српска набрзо ќе се врати во парламентот

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа верува дека паралалните српски структури кои делуваат во општините во северниот дел на Косово ќе згаснат. Тој очекува ова да се случи по последниот договор постигнат во Брисел со српската страна.

– Спроведувањето на договорт не е лесно, но сум оптимист дека цивилната заштита е на пат да згасне. По згаснувањето, припадниците на оваа структура ќе се интегрираат во структурите на земјата, изјави Мустафа за косовската телевизија.

Тој исто така рече оти е убеден дека пратениците од Листата српска набрзо ќе се вратат во парламентот, каде што, како што вели и им е местото.

Десетте српски пратеници го бојкотираат косовскиот парламент од трети минатиот месец, кога премиерот Мустафа го разреши лидерот на Листа српска Александар Јабановиќ, од функцијата министер за заедници и враќање.

Косовската опозицијата бараше смена на Јаблановиќ откако во почетокот на јануари тој Албанците во Ѓаковица ги нарече дивјаци бидејќи не им дозволиле на раселените Срби да го посетат градот. Дојде и до насилни демонстрации на кои беше побарано и смена на Јаблановиќ. 

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска