Мустафа: Наскоро ќе се формира косовска армија

Од:

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, го поздрави денешното изгласување во собраниската Космисија за безбедност и надзор врз Безбедносните сили на Косово (ФСК) на пакетот закони за трансформација на ФСК во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изразувајќи увереност дека овој процес ќе се заврши наскоро, Мустафа ги повика сите граѓани на Косово да го поддржат формирањето на војска на Косово, со цел таа да стане дел од НАТО и фактор на мирот и безбедноста во светот.

Опозицискиот лидер и поранешен премиер на Косово, на Фејсбук порача дека денешниот напредок во правец на формирање на војската е „значајна победа, како за Косово, така и за САД“.

– Формирањето на војската, што започна денеска со парламентарните процедури, ќе претставува значајна победа на Косово, но и на САД, кои го поддржаа овој процес заедно со нивната силна поддршка за прераснување на ФСК во современа сила. ФСК како војска на Косово заслужува да ја има поддршката на сите негови граѓани, да стане заслужно дел од НАТО и значаен фактор за зачувување на мирот и стабилноста во светот, напиша Мустафа.

Комисијата за безбедност на косовското Собрание денеска со мнозинство гласови го изгласа пакетот закони со кои се предвидува ФСК да се трансформира во војска на Косово.

Претставниците на партиите на Албанците изјавија дека ќе ја поддржат трансформацијата на ФСК во војска и во натамошните процедури и ќе гласаат за законите кога ќе дојдат на дневен ред во Собрание.

Против пакетот закони гласаше членот на Комисијата од редовите на Српската листа, која е категорично против оваа трансформација и, како и официјален Белград, нагласува дека единствена вооружена формација во Косово, според Резолуцијата 1244 на Обединетите нации, е КФОР.

Со нацрт-законите кои ги предложи Владата на Рамуш Харадинај се предвидува постепена трансформација на ФСК во војска, на тој начин што се зголемуваат надлежностите на постоечките безбедносни сили, како и прераснување на Министерството за ФСК во Министерство за одбрана.

Меѓународната заедница односно САД и другите западни земји, сојузнички на Косово, порачуваат дека немаат против Косово да формира војска, но дека тоа треба да се направи со промени на Уставот. Меѓутоа, такво нешто е практично невозможно, затоа што за промена на Уставот е потребни да гласаат и мнозинството пратеници од редовите на српската националност.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина