Мустафа и Тачи за усвојување на одлуката за формирање на Специјален суд за воени злосторства

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска во Парламентот укажа на обврската за спроведување на одлуката за формирање на Специјален суд за воени злосторства, на што се спротиставува пратеничката група Самоопределување.

Тој посочи дека одлуката за формирање на таков суд била изгласана во Парламентот на Косово со двотретинско мнозинство и дека постои обврска за спроведување на таа одлука на законодавната власт.

– Немаме информации за бројот, ниту за тоа кој ќе биде обвинет. Владата верува дека процесот во судот ќе биде независен и евентуалното судење на некој поединец нема да значи и судење на ослободителната војна на ОВК, истакна Мустафа.

Пратеникот на Самоопределување Глаук Коњуфца истакна дека барањето на меѓународната заедница за формирање на Специјален суд е апсурдно и неправедно.

Косовскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи истакна дека Специјалниот суд нема да му суди на косовското минато, ниту на војната за слобода.

– Нашата иднина не може да биде под сенка доколку не ја одработиме оваа задача која ни ја даде меѓународната заедница, истакна Тачи.

Покрај Движењето Самоопределува и Алијансата за иднина на Косово и Иницијатица за Косово се изјаснија против формирање на Специјален суд, а најмалку двајца пратеници на Демократската партија на Косово најавија дека нема да ја поддржат одлуката.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска