Заедницата на кипарските Турци нема да направи грешка „да ги фрли на буниште“ параметрите на ОН за решавање на проблемот на етнички поделениот остров Кипар”, рече лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи. Тој појасни дека кипарските Турци немаат намера да продолжат со преговорите за островот уште 50 години.
Според медиумите, Акинџи на Истанбулскиот универзитет кажал дека турската страна е подготвена за создавање „на една федерална структура на островот, составена од две политички рамноправни држави под еден покрив”. Тој додал дека ако тоа не може да се случи, тогаш „наместо еден покрив, ќе има два одделни покрива еден до друг”.
Лидерот на кипарските Турци го критикуваше генералниот секретар на ОН за тоа што ги обвинил двете страни за неуспехот на разговорите за Кипар во швајцарското одморалиште Кран Монтана, велејќи дека кипарските Турци не се виновни за неуспехот.
Мустафа Акинџи смета дека причината зошто преговорите во Кран Монтана биле неуспешни, се сведува на тоа дека кипарско грчката страна не сакала државната власт да биде поделена во рамки на идната федерација, и бидејќи таа се залагала за „нулта присуство на армијата и нулта гаранции” на островот.