Мркиќ: Брисел немаше пресудна улога за средбата Дачиќ – Милановиќ

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија Иван Мркиќ изјави дека Белград и Загреб сакале да се одржи средба меѓу премиерите на Србија и Хрватска Ивица Дачиќ и Зоран Милановиќ и напомена дека во организирањето на состанокот Брисел не можел да има пресуда улога.

Мркиќ во пресрет на посетата на хрватскиот премиер истакна за денешното издание на весникот „Политика“ дека Брисел оттсекогаш изразувал подготвеност да помогне во развивањето на соработката во регионот, но додаде дека сепак Брисел не „го крои редоследот на чекорите и апсолутно е невозможно да го одредува нашето соседско однесување“.

Коментирајќи го тоа што Милановиќ во Белград ќе се состане само со премиерот Дачиќ, а не и со претседателот Томислав Николиќ, Мркиќ истакна дека не е вистина дека српскиот претседател не сакал да го прими хрватскиот премиер, ниту дека Милановиќ изјавил дека не сака средба со Николиќ.

Тој појасни дека средбата на премиерите на Србија и Хрватска ја подгтотвувал со хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ и оти е договорено отсега работите да се спроведуваат смислено и аналитички, при што, како што посочи „парадата не треба да ни е поважна“.

– Доколку премиерите направат нов чекор нанапред, тогаш одиме на највисокото ниво, нагласи Мркиќ.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ