Москва ја повикува БиХ да се откаже од испораката на муниција за Киев

Од:

Русија ја повика Босна и Херцеговина да се откаже од плановите за испорака на муниција на Киев, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.

Тој изрази загриженост поради извештајот дека „земјата во југоисточна Европа, која го трпеле ужасот на братоубиствената војна од 1992 до 1995 година“, планира да и испорачува муниција на Украина.

– Апелираме до властите во БиХ да се откажат од плановите да му испорачаат муниција на Киев. Тие планови се во спротивност со меѓународните норми и обврските преземени кон ОБСЕ, ијзави Лукашевич.

Според него, главната загриженост е што тоа оружје украинската војска ќе го искористи за да продолжи со гранатирањето на градовите и за убивање на цивили во југоисточниот дел на Украина.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица