Пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде загинаа девет ученици и еден чувар, на денот кога се одбележуваат 40 дена од трагедијата, некој оставил куршум.
Новинарите утрово го забележаа меѓу цвеќињата и играчките што се оставени во чест на настраданите деца. Од утрото пред училиштето се собираат голем број граѓани по повод одбележувањето 40 дена од злосторството во кое 13-годишен ученик со пиштолот на татко му дошол на училиште и уби деветмина свои соученици и еден обезбедувач.
Новинар на Нова.рс забележал капа со куршум на оградата од училиштето, каде луѓето оставаат цвеќиња и свеќи. За тоа веднаш ја известил полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и ќе се обиде да открие кој го оставил на местото на трагедијата.