Монструм кој две години сексуално злоставувал и користел тешко болно девојче со висок степен на инвалидитет е осуден на шест години затвор во сплитскиот суд, пренесува порталот далматинец.
57-годишниот педофил бил пријател на родителите на девојчето, кое во моментот на извршување на злосторствата имало нешто повеќе од 11 години. Го соблекувал девојчето, барал и таа да го стори истото, ја нападнал и сексуално ја експлоатирал, иако девојчето го оттурнала поради болки, пишува далматинскиот портал.
Тоа го правел се додека еднаш не бил фатен на дело од мајката на девојчето. Тогаш сè снимил со својот мобилен телефон.
Подоцна било откриено дека две години сексуално го злоставувал девојчето.
Како што е наведено, за 29 тешки кривични дела сексуална злоупотреба и експлоатација на дете е осуден на три години затвор, за едно кривично дело кое останало во обид три години, за истото кривично дело поврзано со експлоатација на деца за порнографија, пет години и за секое од 100-те кривични дела сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило 15 години, по една година затвор. Кога се ќе се собере, пишува далматинскиот портал, тој поединечно е осуден на 195 години затвор.
Но, на крајот доби единствена казна од само шест години затвор. Со оглед на тоа што судењето беше затворено за јавноста, не се знае како е образложена пресудата.