Момчето-убиец пукал и во девојката која му се допаѓала, велат соседите

Од:

Соседите на зградата во која живее 13-годишниот Коста Кецмановиќ, момчето кое вчера уби осум школски другари и обезбедување, а рани шест ученици и професор по историја, се уште се во голем шок, немаат сили да коментираат за вчерашната трагедија, а за семејството на момчето немаат што лошо да кажат.

Како што вели еден сосед, таткото на момчето секогаш се наоѓал во зградата кога им била потребна помош – како лекар, но и како сосед.

Исто така, момчето често помагало, им носело храна на соседите.

Меѓутоа, она што сите ги изненадува е тоа што Владимир имал толку многу оружје во станот.

-Кога полицијата ги вадеше работите од станот, велат дека е пронајдено повеќе оружје. Во 2016 година поднел барање за оружје и претпоставувам оттогаш почнал да го собира, којзнае што му кврцнало во глава – вели сосед, пренесуваат српските медиуми.

За Коста зборуваат како за повлечен и срамежлив тип, кој не го гледале со другарите.

-Само жената што ги чуваше беше секогаш со нив, искрено никогаш не го гледав со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата беше на роденден со својот клас, оние кои ги застрела! Таму била и девојката која му се допаѓала, и неа ја застрела, раскажува шокирана соседка.

„Што да правиме ако го видиме овде?

Додека продолжуваат да зборуваат, знаеле за Владимир онолку колку што им рекол, дека неговите роднини се успешни спортисти и писатели и дека тој е почитуван лекар. Сепак, никој не знаеше дека оди на стрелиште.

– Толку пати разговаравме и се видовме. Никогаш не спомна дека има пиштол, ниту дека оди на стрелиште. Не знам ни дали сега ќе сноси одговорност, Коста ќе треба да излезе надвор, што да правиме ако го видиме овде… Сигурно некое семејство ќе сака да се одмазди – вели сосед.

За таткото и мајката на момчето велат дека и двајцата работат во здравство и се познати како воспитани и љубезни луѓе.

Како што велат, најмалото дете, девојчето сега е некаде со нејзината мајка.

-Никогаш немаше никакви проблеми со нив, освен што Владимир протестираше кога требаше да се отвори православниот центар во зградата, беше отворен на истиот кат каде што се тие, зависниците одат таму на советување. Тој се побуни и протестираше дури и пред патријархот. Се плашеше какви луѓе ќе влезат во зградата, бидејќи е советувалиште за зависници од алкохол и дрога – вели еден сосед.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски