Момчето убиец кое на 3 мај уби деветмина свои врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“, полицијата го обезбедува 24 часа во затворена психијатриска установа за да не се повреди себеси или другите, дознава „Блиц“.
Полициски службеници од различни единици по 12 часа наизменично го обезбедуваат момчето-убиец.
– На овој начин се оневозможува можноста момчето-убиец да се доближи до полицаец и евентуално да го манипулира на каков било начин, доколку тие треба да комуницираат – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.
Момчето времето го поминува само во посебна просторија, без телефон, телевизор, лаптоп…
– Апсолутно нема можност некој да го види или да комуницира со кој било освен со лекари и медицински персонал кои официјално разговараат со него – вели изворот на „Блиц“.