Могерини во Митровица: Клучниот збор е помирување

Од:

Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во Косовска Митровица изјави дека „помирување“ е клучниот збор и дека дијалогот на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина е фундаментално важен, пренесе Танјуг.

Могерини го посети мостот на реката Ибар, во центарот на градот, каде се изведуваат градежни работи, и се сретна со градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ.

Таа изјави дека ја посетува Митровица и, пред се, мостот, што се обновува со помош на ЕУ.

– Мостот се претвора од симбол на поделеност во симбол на дијалог и контактите меѓу луѓето и во тоа е силата на ЕУ, да се создаде дијалог и разбирање онаму каде претходно имавме конфликти и тешкотии – подвлече Могерини.

Таа изрази надеж дека мостот ќе биде целосно отворен.

Заради посетата на Могерини, во двата дела на градот – северниот (српски) и јужниот (албански) уште од рано изутрина беа воведени засилени безбедносни мерки, а особено во близина на мостот.

Косовската полиција и силите на НАТО (КФОР) го блокираа пристапот до мостот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина