Могерини ги повика властите во Косово да ја изгласаат ратификацијата на договорот за демаркација

Од:

Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедносна политика Федерика Могерини денеска главниот град на Косово изјави дека постигнатите договори меѓу Белград и Приштина треба да се применат што побрзо.

За Заедицата на српски општини (ЗСО) на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Иса Мустафа, Могерини не зборуваше, но претседателот на косовската Влада посочи дека Приштина сака ЗСО да се реализира, но оти е „заложник“ на отсуството на српски претставници во косовските институции.

Могерини оцени дека е време Косово да ја изгласа ратификацијата за договорот за демаркација на границата со Црна Гора и оти тоа ќе ја одблокира визната либерализација за граѓаните на Косово.

– Убедена сум дека сите политички партии ќе изнајдат начин да се согласат кога договорот ќе се најде пред Парламентот на Косово. Граѓаните на Косово сакаат и заслужуваат визна либерализација, посочи Могерини.

Таа потсети дека постојат два услови за визна либерализација, покрај ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. треба да се подобрат резултатите во борбата против организираниот криминал и корупцијата, каде е забележан напредок.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски